Левица положи цвеќе за 153 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев
- СООПШТЕНИЕ - Денес, официјални делегации на Левица, положија цвеќе во Скопје и Штип во чест на 153 години од раѓањето на апостолот на македонската револуционерна борба – Гоце Делчев.

Скопје, 4 февруари 2025
Денес, официјални делегации на Левица, положија цвеќе во Скопје и Штип во чест на 153 години од раѓањето на апостолот на македонската револуционерна борба – Гоце Делчев.
За величината на еден од најголемите македонски револуционери говори неговото дело, каде Делчев најдоследно и најупорно се бори - како против османлиската тиранија и доминација - така и против великобугарскиот врховизам и против сите обиди на бугарскиот монархизам да го искористи македонското национално-револуционерно движење за свои шовинистички цели.
Делчев е апостолот на македонската национална свест, Делчев е бастионот на македонската државотворност, Делчев е исконскиот порив на секој Македонец за самостојна и независна македонска држава – и затоа, секој напад врз неговиот лик е напад на темелите на македонската Република.
Додека живеат идеалите на Делчев – ќе живее и Републиката!
Левица
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото Левица