• сабота, 22 февруари 2025

Леброн ќе го пропушти натпреварот со Индијана

Леброн ќе го пропушти натпреварот со Индијана

Лос Анџелес, 8 февруари 2025 (МИА) – Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, поради болки во глуждот нема да игра со Индијана.

Четириесетгодишниот Џејмс чувствува болка во левиот скочен зглоб и нема да излезе на теренот на вечерашниот меч.

Оваа сезона Џејмс има просек од 24,5 поени, 7,8 скока и 9,0 асистенции по натпревар, со шут 51,6 отсто од поле и 39,1 отсто за три поени.

Лејкерс против Индијана нема да ги има во составот ниту Лука Дончиќ и многу веројатно Марк Вилијамс. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан