Леброн втор 40-годишник со трипл-дабл во НБА-лигата
- Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс го изедначи постигнувањето на Карл Мелоун.

Лос Анџелес, 22 јануари 2025 (МИА) – Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс го изедначи постигнувањето на Карл Мелоун.
Леброн рано утрово постигна трипл-дабл и стана само вториот играч во НБА-лигата на 40-годишна возраст со двоцифрен ефект во три статистички категории.
Натпреварот со Вашингтон визардс Џејмс го заврши со 21 поен, 10 скока и 13 асистенции.
Во 2003 година, Мелоун забележа 10 поени, 11 скока и 10 асистенции на возраст од 40 години и 127 дена. зс/
Фото: ЕПА