Куртоа: Роналдо има посилен победнички менталитет од Мбапе
- Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, го спореди напаѓачот Килијан Мбапе со поранешниот играч на „кралскиот клуб“ Кристијано Роналдо.
Мадрид, 22 ноември 2025 (МИА) - Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, го спореди напаѓачот Килијан Мбапе со поранешниот играч на „кралскиот клуб“ Кристијано Роналдо.
-Кристијано има посилен победнички менталитет од Килијан. Мислам дека тие се двајца сосема различни играчи. Но, оваа година, Мбапе го покажа тој менталитет посилно. Тој се подобрува и навистина го води тимот напред. Тоа ќе станува сè позабележително со секој натпревар, изјави Куртоа за „Goal“.
Оваа сезона, 26-годишниот Французин постигна 18 гола и имаше две асистенции на 16 натпревари во сите натпреварувања. зс/
Фото: ЕПА