• сабота, 16 мај 2026

Куманово, дел од „Генералка викенд“

Куманово, дел од „Генералка викенд“

Куманово, 6 мај 2026 (МИА) - Куманово, по шести пат ќе биде дел од акцијата „Генералка викенд“, информираа денеска надлежните од општината. Како што наведуваат почетокот на акцијата е закажан за 8 мај, годинава (петок) со почеток во 10:00 часот на просторот пред градскиот базен, спортската сала и долниот дел на градскиот кеј.

-Претставници на Одделението за животна средина при Општина Куманово, во соработка со организацијата „Man and mountagne LLC“ – Австрија и поддршка од ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово, упатуваат покана до граѓански здруженија, невладини организации, општински основни и средни училишта и институции за учество во акцијата, со цел да дадат свој придонес за почиста и поздрава животна околина-информираат од општина Куманово.

Во акцијата која се одржува по шести пат, учествуваат поголем број на општини од земјава. ам/вј/

Фото МИА архива

Остани поврзан