• сабота, 22 февруари 2025

Културните работници и уметниците во Србија најавуваат за утре блокада на Министерството за култура

Културните работници и уметниците во Србија најавуваат за утре блокада на Министерството за култура

Белград, 2 февруари 2025 (МИА) - Протест и блокада на Министерството за култура на Србија е најавен за в понеделник, 3. февруари чиј организатор е Култура во блокада - драмски, визуелни и музички уметници – поради, како што наведуваат, долгогодишната деградација и маргинализација на културата.
Понеделник е последен ден за поднесување проекти за конкурсите што ги објави Министерството за култура на таа држава за 2025 година.
На Инстаграм профилот „Култура во блокада“ се наведува дека културните работници и уметниците се со студентите од самиот почеток, дека ги поддржуваат нивните блокади и се целосно посветени на исполнување на сите нивни барања.

„Ние се солидаризираме и со просветните работници, земјоделците и сите оние кои се борат за поправедно општество. По учеството во генералниот штрајк и прекинот на работата, бројни институции и поединци се најдоа на удар на властите и Министерството за култура, кое почна да испраќа инспекции и да ги заплашува луѓето“, се вели во соопштението.

Остани поврзан