• понеделник, 12 јануари 2026

Кубилиус: Доколку САД го заземат Гренланд со сила, тоа ќе биде крај на НАТО

Кубилиус: Доколку САД го заземат Гренланд со сила, тоа ќе биде крај на НАТО

Брисел, 12 јануари 2026 (МИА) – Доколку САД го земат Гренланд со сила, тоа ќе биде крај на НАТО, изјави денеска еврокомесарот за одбрана Ендрус Кубилиус, цитиран од британските медиуми.

Тој додаде дека земјите од Европската Унија имаат обврска да ѝ помогнат на Данска, чија автономна територија е Гренланд, ако биде нападната воено.

„Се согласувам со данската премиерка дека ова би бил крај на НАТО, но би било и многу, многу лошо за народот“, изјави Кубилиус на безбедносна конференција во Шведска.

Данската премиерка минатата недела изјави дека ги смета за сериозни намерите на американскиот претседател Доналд Трамп да го преземе Гренланд.

„Доколку САД нападнат друга земја од НАТО, тоа е крај“, рече Фредериксен/ сд/мс/

фото:МИА архива

Остани поврзан