• вторник, 16 декември 2025

Кривични пријави за двајцата малолетници за случајот со силување 12-годишно девојче од Охрид

Кривични пријави за двајцата малолетници за случајот со силување 12-годишно девојче од Охрид

Охрид, 26 ноември 2025 (МИА) – Полицијата поднесе пријава до Основното јавно обвинителство во Охрид против малолетниците инволвирани со случајот на извршена обљуба врз малолетничка од Охрид.

Според полициското соопштение, по спроведените службени разговори СВР – Охрид до ОЈО доставил известување за постоење основани сомненија дека 16-годишниот малолетник е сторител на кривично дело „полов напад и силување“, како и за сторено дело „уцена“ од страна на 14-годишник од Охрид.

Полицијата вчера во Охрид го приведе првопријавениот, кому од надлежен судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Според првичните информации, тој на 12 овој месец извршил обљуба врз 12-годишно девојче од Охрид, додека друг малолетник го снимал чинот.

Второпријавениот во случајот пак откако го добил снименото видео, на 20 ноември ја уценувал малолетничката со инсистирање на сексуален однос,заканувајќи и се дека доколку одбие ќе го објави видеото.

Врз малолетничката во текот на вчерашниот ден е извршен медицински преглед, а со сите инволвирани лица во случајот се спроведени истражни разговори во присуство на родител и претставници Центарот за социјални работи од Охрид. аб/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан