Велешанец физички ја нападнал својата мајка, по што и се заканувал со остар предмет
- Четириесет и едно годишен велешанец бил приведен од страна на полициски службеници од СВР Велес, а по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 58 годишна мајка, а по што и се заканувал со остар предмет.
Велес,15 декември 2025 (МИА) - Четириесет и едногодишен велешанец бил приведен од страна на полициски службеници од СВР Велес, а по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 58 годишна мајка, а по што и се заканувал со остар предмет.
Како што соопштија денеска од СВР Велес, тој бил задржан во полициска станица, а предметот бил пронајден и одземен.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.ад/
Фото: МИА архива