• петок, 05 декември 2025

Кривична пријава против вработена во Јавно претпријатие за комунални работи Кавадарци за „проневера во службата" и „затајување"

Кривична пријава против вработена во Јавно претпријатие за комунални работи Кавадарци за „проневера во службата

Кавадарци, 10 ноември 2025 (МИА) - ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против В.Д.(48) од Кавадарци поради постоење на основано сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата" и „затајување", информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

-Пријавената В.Д., вработена како благајник во Јавно претпријатие за комунални работи Кавадарци, во периодот од 22.09.2025 до 31.10.2025 одзела 568.684 денари од претпријатието. Имено,  дел од парите од дневниот промет од наплатните пунктови по основ на платени сметки за водоснабдување и комуналии, кои и биле доверени во службата, не ги внесувала на банкарска сметка на претпријатието, односно дел задржувала за себе, а останатиот дел го внесувала на сметката и на тој начин што го оштетила јавното претпријатие за наведената сума, појаснија од СВР Велес. свд/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан