• сабота, 27 април 2024

Кривична пријава за узурпација на земјиште кај цветен пазар зад поликлиниката Бит пазар

Кривична пријава за узурпација на земјиште кај цветен пазар зад поликлиниката Бит пазар

Скопје, 28 март 2024 (МИА) - Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Р. (62) од Скопје и против правно лице од Скопје за сторено кривично дело  „узурпација на недвижности“, соопшти МВР.

А.Р. како сопственик и управител на второпријавеното правно лице, подолг временски период противправно завладеал имот сопственост на државата и го ставил во владение на своето правно лице. А.Р. имотот кој се наоѓа веднаш до цветниот пазар позади  поликлиниката Бит Пазар во Скопје, кој претставува  градежно неизградено земјиште во општа употреба во сопственост на државата, противзаконски  го оградил со наплатна рампа и куќарка за наплата на влез-излез и за секој влез- излез наплаќал соодветен паричен надомест. На тој начин го оневозможил слободното движење и користење на просторот од страна на граѓаните и институциите.са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан