• петок, 21 февруари 2025

Кремљ смета дека е прерано да се сумираат резултатите од специјалната воена операција.

Кремљ смета дека е прерано да се сумираат резултатите од специјалната воена операција.

Москва, 21 февруари 2025 (МИА) - Кремљ смета дека е премногу рано да се донесуваат заклучоци за специјалната воена операција во Украина до третата годишнина од нејзиниот почеток, изјави денеска Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

„Нема никакви посебни формати (за донесување заклучоци). Прерано е да се донесуваат заклучоци. Специјалната воена операција продолжува. Сите цели поставени од шефот на државата – врховниот командант, треба да се постигнат“, изјави Песков.

Според него, рускиот претседател Владимир Путин има традиционални активности планирани за 23 февруари „кои обично се случуваат“. Во Кремљ ќе се одржи и доделувањето на државните награди“, додаде портпаролот на рускиот претседател.

Русија започна специјална воена операција на 24 февруари 2022 година, за, како што наведе, да се изврши демилитаризација и денацификација на Украина. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан