• сабота, 22 февруари 2025

Кремљ: Прерано е да се разговара за предложениот формат на Зеленски за мировни преговори

Кремљ: Прерано е да се разговара за предложениот формат на Зеленски за мировни преговори

Москва, 3 февруари 2025 (МИА) - Премногу е рано да се разговара за форматот за потенцијални четиристрани мировни преговори предложен од украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти Кремљ, повторувајќи ја својата загриженост за тоа дали шефот на украинската држава има мандат да управува со земјата.

Во интервју објавено завчера Зеленски рече дека ги поддржува четиристраните преговори меѓу САД, Украина, Русија и ЕУ. Тој додаде дека би било „многу опасно“ Вашингтон и Москва да водат разговори за ставање крај на војната во неговата земја без учество на Киев.

Овие коментари беа дадени по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои укажуваа дека Вашингтон и Москва веќе имале контакти во врска со Украина. Трамп не даде детали, а рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, цитиран од руска новинска агенција на 27 јануари, рече дека директните контакти меѓу Москва и администрацијата на Трамп се уште не се воспоставени.

Како одговор на прашањето за мислењето на Зеленски за форматот на идните разговори, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за медиумите изјави дека „досега никој сериозно не разговарал за можната комбинација на учесници во преговорите“.

„Засега тргнуваме од претпоставката дека украинскиот претседател нема право да води такви преговори“, додаде тој. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан