Кошта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите за завршување на војната во Украина
- Европска Унија мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина, за да би се мапирала идната европска безбедносна архитектура, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта

Брисел, 17 февруари 2025 (МИА) – Европска Унија мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина, за да би се мапирала идната европска безбедносна архитектура, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
- Не се работи само за Украина. Во преговорите за нова безбедносна архитектура, треба да земеме предвид дека Русија претставува глобална закана, а не само закана за Украина, истакна Кошта пред итниот состанок на европските лидери во Париз, на кој ќе се разговара за ситуацијата во Украина.
Тој нагласи дека „Европа треба да биде клучен играч во дизајнирањето на нова безбедносна архитектура“ доколку американскиот претседател Доналд Трамп „навистина сака Европејците да преземат поголема одговорност за сопствената безбедност“. ми/
фото: МИА архива