• петок, 21 февруари 2025

Кошта: ЕУ и Канада докажаа дека трговските договори се подобри од царините

Кошта: ЕУ и Канада докажаа дека трговските договори се подобри од царините

Брисел, 12 февруари 2025 (МИА) – Докажавме дека трговските договори се подобри од царините, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта по средбата во Брисел со канадскиот премиер Џастин Трудо, на која присуствуваше и претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен.

Според него Договорот ЕУ-Канада (ЦЕТА) од 2017 година доведе до зголемување на билатералната трговија за 60 отсто.

- Ние сме сигурни и предвидливи пријатели, силни сојузници за мир и безбедност, ја поддржуваме Украина, промовираме зачувување на природата и дигитализација, наведе Кошта.

Лајен истакна дека „трговијата може да биде од корист за сите, како што покажа ЦЕТА“.

Трудо потенцира дека со продлабочувањето на соработката помеѓу Канада и ЕУ се зголемува безбедноста и заштитата на демократијата.

- Светот е сè понепредвидлив, ние остануваме обединети во нашата процена за потребата да се поддржи Украина, вклучително и затоа што тоа е во одбрана на меѓународниот правен поредок, истакна Трудо.

Тој додаде дека ЦЕТА придонела за огромно подобрување на трговските односи. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан