Кочински: Пикот на вирусот на грип на крајот на месецот до средината на февруари, нема продолжување на зимскиот распуст
- Од 5 до 11 јануари регистрирани се 2.322 заболени од грип, што е за 34,6 проценти повеќе во однос на претходната недела. Има средна активност на вирусот на грип на национално ниво. Има зголемен број заболени, но тоа е очекувано за овој период од годината. Очекуваме бројките и во наредниот период да растат и да се движат во овој ранг. Пикот на грипот се очекува на крајот на месецот до средината на февруари. Оваа сезона растот на бројот на заболени почна неколку недели порано од очекуваното, изјави денеска раководителот на одделот за епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), д-р Драган Кочински.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.