• петок, 05 декември 2025

Кочани – до 17 часот излезеност од 34, 04 отсто

Кочани – до 17 часот излезеност од 34, 04 отсто

Кочани, 2 ноември 2025 (МИА) - На вториот круг од Локалните избори во Кочани денеска до 17 часот избирачкото право го искористиле  11.036 граѓани или  34.04 отсто,  што е нешто помала излезеност во однос на првиот круг на гласање, кога до истиот рок излезеноста изнесувала 35, 71 отсто.

Гласањето се уште се одвива, а правото на глас кочанчани можат да го искористат до 19 часот на 63 избирачки места.

Во избирачкиот список во Општина Кочани запишани се вкупно 32 503 избирачи.ис/са/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан