Костовски: ДПМНЕ прави упад во правосудниот систем за инсталирање на партиски кадар
- СООПШТЕНИЕ - Организацискиот секретар на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 во врска со постапката за разрешување на државниот јавен обвинител, истакна дека тоа не е реформа на судскиот систем, туку упад во правосудниот систем за инсталирање на партиски кадар и послушник на власта.

Скопје, 21 февруари 2025
Организацискиот секретар на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 во врска со постапката за разрешување на државниот јавен обвинител, истакна дека тоа не е реформа на судскиот систем, туку упад во правосудниот систем за инсталирање на партиски кадар и послушник на власта.
-Ова не е реформа, туку кршење на демократијата, удирање во чело на уставниот поредок, на поделбата на судска, извршна и законодавна власт, рече Костовски.
Тој нагласи дека и СДСМ не е задоволна од работата на државниот јавен обвинител но начинот на избор на јавен обивнител мора да биде законска.
-Не сме задоволни. Нема покренато постапка за Груби, кривична пријава или прогон за именувањето на Бојан Христовски во АНБ, за неговиот сертификат, за пуштањето на Блерим Рамадани на истиот граничен премин, за сите екскузрии што ги правеше Гаши, со обезбедувањето на скопскиот аеродром, одењето со сватови. Досега нема ништо од Јавното обвинителство, рече Костовски.
Ако не се почитуваат процедурите се врши упад во правосудниот систем за инсталирање на партиски кадар, нешто што е веќе видено, додаде тој.
-Власта веќе има поставено сопруга на градоначалник на ДПМНЕ во Судскиот совет, близок пријател на Меџити во Советот на јавни обвинители. Значи се враќаме назад, во лоши минати времиња, режим, контролирани постапки, уценети судии и јавни обвинители, нагласи организацискиот секретар на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.
Костовски: Луѓето живеат лошо, со сет мерки СДСМ сака да го спаси животниот стандард на граѓаните
Организацискиот секретар на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна дека граѓаните во Македонија се потешко живеат и дека.
-Гледаме страотно живеење на македонскиот народ, гледаме отпуштања, 2.200 од ТИРЗ, гледаме пораст на минималната кошничка од 521 денар за само еден месец. Според последните податоци од заводот за статистика, луѓето живеат катастрофално, а платите се бетонирани. СДСМ со сет на економски мерки и решенија сака им помогне на луѓето, да го спасие животниот стандард на граѓаните, истакна Костовски.
Костовски нагласи дека Македонија веќе не е посакувано место за живеење, стапката на иселување од ден во ден расте.
Тој направи разлика помеѓу времето кога ДПМНЕ беше опозиција и го блокираше македонското Собрание и мерките на претходната влада на СДСМ.
-Ние сме конструктивна опозиција за разлика од ДПМНЕ, кои правеа активна блокада на Собранието, па ви дадовме сет на мерки каде што искрено и чесно сакаме да помогнеме за животниот стандард на граѓаните. Искоритете ги, усвојте ги и ќе видите, ќе бидете благодарни, порача Организацискиот секретар на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.