• петок, 21 февруари 2025

Консеисао: Милан имаше шанси за нерешено, сè уште ништо не е решено

Консеисао: Милан имаше шанси за нерешено, сè уште ништо не е решено

Бриж, 13 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Милан, Серхио Консеисао ги искажа впечатоците по поразот од Феенорд (0:1) во првиот натпревар од плејоф рундата во Лигата на шампионите.

- Така се добиваат натпревари - со карактер и правилен менталитет. Имавме шанси да израмниме. Сè уште ништо не е решено. Не очекува реванш на наш терен во вторник, изјави Консеисао по синоќешниот натпревар.

Реваншот ќе се одигра во Милано на „Сан Сиро“ на 18 февруари. 

На другите три натпревари одиграни вчеравечер:
Бриж – Аталанта 2:1
Селтик – Баерн Минхен 1:2
Монако – Бенфика 0:1. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан