• сабота, 22 февруари 2025

Конаковиќ: БиХ ќе мора да го усогласи визниот режим со ЕУ

Конаковиќ: БиХ ќе мора да го усогласи визниот режим со ЕУ

Сараево, 24 јануари 2025 (МИА) – Босна и Херцеговина во наредниот период мора да го усогласи визниот режим со Европска Унија за шест држави, со насоки тоа да биде по една земја годишно, изјави министерот за надворешни работи на БиХ, Елмедин Конаковиќ.

- Имавме обврска да го усогласиме нашиот визен режим со ЕУ. Бахреин и Оман имаат визи за БиХ, има уште шест земји кои треба да ги усогласиме со ЕУ. Имаме некои насоки тоа да биде најмалку една годишно. Работиме на тоа, посочи Конаковиќ.

Европската комисија очекува БиХ подобро и побрзо да се усогласи со визната политика на ЕУ поради зголемениот ризик од илегална миграција преку западнобалканската рута, се наведува во извештајот на ЕК објавен на крајот на минатата година.

БиХ има безвизен режим со седум земји чии граѓани бараат визи за влез во ЕУ: Азербејџан, Кина, Кувајт, Катар, Русија, Турција и на граѓаните на Саудиска Арабија не им треба виза во текот на летните месеци. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан