Компани: Баерн можеше да направи повеќе во последните 10 минути од натпреварот против Феенорд
- Тренерот на Баерн, Винсент Компани го оцени настапот на неговиот тим синоќа на гостувањето кај Феенорд.

Минхен, 23 јануари 2025 (МИА) - Тренерот на Баерн, Винсент Компани го оцени настапот на неговиот тим синоќа на гостувањето кај Феенорд.
Баварците загубија со 3:0 во натпреварот од 7. коло од Лигата на шампионите.
- Да бидеме искрени, Феенорд заслужи да победи. Но, имавме многу шанси. Имав чувство дека можеме да постигнеме еден или два гола. Дефинитивно можевме да направиме повеќе во последните 10 минути, изјави Компани ја цитира прес-службата на УЕФА.
Феенорд има 13 бодови и се наоѓа на 11. место на првенствената табела. Баерн е на 15. место со 12 бодови. зс/
Фото: ЕПА