Комисијата за одбрана ја одржа 35-седница, трите предлог-закони од дневниот ред проследени до Собранието на натамошна постапка
- Комисијата за одбрана денеска ја одржа 35. седница на која расправаше по три точки од дневниот ред и тоа предлог-законите за измена и дополнување на законот за јавни набавки во областа на одбраната, за измени и дополнување на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и за измени и дополнувања на законот за развој, призводство и промет на воени стоки.
Скопје, 11 март 2026 (МИА) – Комисијата за одбрана денеска ја одржа 35. седница на која расправаше по три точки од дневниот ред и тоа предлог-законите за измена и дополнување на законот за јавни набавки во областа на одбраната, за измени и дополнување на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и за измени и дополнувања на законот за развој, призводство и промет на воени стоки.
За сите три предложени предлог-закони Собранието претходно се изјасни дека истите треба да се носат по скратена постапка.
Пратеникот Сали Мурати поднесе два амандмани на предлог-законот за измена и дополнување на законот за јавни набавки во областа на одбраната, притоа образложуваји начелно дека предложените измени значат тектонски, суштински измени на обемен закон, сложен...
Мурати во образложението меѓу другото посочи дека терминот критична инфраструктура не е правно доработен, нема негова прецизна дефиниција во текстот, потоа истакна негова лична неубеденост за оправданост од донесување на измените, отсуство од образложение со конкретни причини за измени на легислативата...
Тој имаше забелешка и на намалувањето на бројноста Комисијата за контрола и надзор на набавките, оттаму што тоа ќе значи намалување на нејзините интгеренции и нејзината транспарентност...
Славјанка Петровска изнесе некои свои забелешки по предложените законски измени и поднесените амандмани на Мурати, со нагласок на неможноста од примена на законот, а притоа да успее да се запазат директивите и заложбите на државата околу начелото за транспарентност.
И Петровска со забелешки зошто сериозен, исклучително сложен закон се носи по скратена постапка...
- Не може да се каже дека овој закон може да се примени за работи на критична инфраструктура, а без да имаме во правниот систем дефинирано што е критична инфраструктура...рече таа.
Таа уште забележа на отсуство на меѓуресорска соработка и контролна исклученост на институциите на државата од системот, потоа како ќе се одлучува при набавка на набавува чувствителна опрема, дали ќе се применува овој закон или законот за јавни набавки...
- Како Собрание вршиме интервенција во систем без да има дадеме време на институциите да се прилагодат. Ваков закон не може да стапи веднаш на сила, точно се знае дека тоа може само во одредени случаи...Чесно е ваков закон да биде поднесен од институциите кои треба да го спроведуваат...Кога интервенираме во системот мора да има мислење на институциите од односната проблематика. Намалувањето на бројот членови на Комисијата или системот на одлучување апсолутно не е во прилог на подобрување на процесите, рече мешу другото Петровска.
По изнесените забелешки се произнесе Драган Ковачки, кој повтори дека Собранието се произнело да се носи законот по скратена постапка.
- Причините лично ги образложив...Тиа се носат заради потребите од проширување на законот за критична инфраструктура, кој е во финална фаза. Правиме поедноставување на инстутиционалните процедури и подобрување на критериумите за оценување на економските оператори. Точно е дека се намалува Комисијата на помал број членови, но неточно е дека тоа значи концентација на моќ на министерот за одбрана, рече Ковачки и посочи на чувствителноста на моментот и ситуацијата во светот и потребата од донесување на односниот закон.
Пратениците Оливер Спасовски и Горан Мисоски поднесоа три амандмани на предлог-законот за измении дополнивање на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, за кои Спасовски пред Комисијата истакна дека одредени негови одредби значат дополнително оптоварување на испитните комисии.
Како пример го наведе предложеноето административна и прекршочна одговорност за испитните центри, со активирање на банкарската гаранција како казнена мерка.
- Тоа значи тројно санкционирање за исто прекршување – одземање лиценца како админстративна мерка, финансиска казна или глоба за одговорното лице и сега дополнителна финансиска последица активирање на банкарската гаранција. Тоа значи непропорционално, неправично и прекумерно казнување, рече Спасовски.
Според него, високата банкарска гаранција и нејзино аативирање ќе направат и други проблеми, ќе биде демотивирачко за конкуренцијата, трикратно казнување за исто дело што е правно неможно, потоа несигурност кај правните субјекти...
Александар Јамалов како одговор истакна дека прецизно е дефинирана постапката, дека банкарската гаранција како мерка се активира само доколку и при повторен надзор во рок од 30 дена правниот субјект не ги отстранил претходно посочени недостатоци.
Комисијата за одбрана по денешната расправа трите предлог-законски решенија ги проследи на натамошна расправа во Собранието. аб/са/
фото/скриншот