Комисија за прашања на изборите и именувањата усвои решение за формирање комисија за селекција на кандидати за член на ДКСК
- Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница едногласно ги усвои решенијата за формирање Комисија за селекција на кандидати за член на Државната комисија за спречување на корупцијата и за остварување на плата по престанок на функцијата претседател и на член на Регулаторната комисија за домување.
Скопје, 11 март 2026 (МИА) - Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница едногласно ги усвои решенијата за формирање Комисија за селекција на кандидати за член на Државната комисија за спречување на корупцијата и за остварување на плата по престанок на функцијата претседател и на член на Регулаторната комисија за домување.
Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски, појасни дека утре истекува рокот од огласот за избор на член на Државна комисија за спречување на корупцијата. Комисијата за прашање на изборите и именувањата на Собранието, појасни, во рок од 10 дена од објавување на огласот формира Комисија за селекција на кандидатите за член на Државна комисија.
Комисијата за селекција, според Сајкоски, е составена од седум членови, еден номиниран од Народниот правобранител, по еден претставник на здружение, односно фондација назначен за член во Советот за соработка меѓу Владата и граѓанскиот сектор за област, демократија и владење на правото и за област на медиуми и информатичко општество, како и по двајца претеници од власта и опозицијата.
Членовите на Комисијата го разгледаа и едногласно го прифатија барањето за остварување право на плата по престанок на функцијата од поранешниот претседател на Регулаторната комисија за домување Зоран Маџовски и членот Башким Алили.
Сајкоски информираше дека потпишал решение за престанок на апанажа на Миљазим Мустафа, поранешен член на Судскиот совет на Република Македонија, заклучно со 9 март годинава. сс/вј/
Фото: МИА архива