Колумбискиот претседател бара формални оставки од членовите на владиниот кабинет
- „Побарав формални оставки од министри и директори на управни одделенија“, објави Петро на платформата Х.

Богота, 10 февруари 2025 (МИА) - Колумбискиот претседател Густаво Петро потврди дека ќе побара формална оставка од членовите на кабинетот на неговата влада.
„Побарав формални оставки од министри и директори на управни одделенија“, објави Петро на платформата Х.
Тој најави дека ќе направи измени во кабинетот за да се постигне исполнување на владиниот план. зш/