• четврток, 04 декември 2025

Кокошков не е повеќе тренер на Анадолу Ефес

Кокошков не е повеќе тренер на Анадолу Ефес

Истанбул, 27 ноември 2025 (МИА) - Анадолу Ефес објави дека го отпушта главниот тренер Игор Кокошков. 

Педесет и тригодишниот српски тренер го презеде турскиот клуб ова лето по враќањето од НБА.

Кокошков поголемиот дел од својата кариера го помина како помошник тренер во тренерските штабови на клубовите од Американската лига. Кратко време ги тренираше Феникс Санс (2018-19) и Фенербахче (2020-21), а работеше и со репрезентациите на Грузија, Словенија и Србија.

Анадолу Ефес има скор од 5-8 во Евролигата и 6-3 во Турската лига. зс/

Фото: Анадолу Ефес 

Остани поврзан