• сабота, 21 февруари 2026

Кито тврди дека агенти на ИЦЕ се обиделе да влезат во Конзулатот на Еквадор во Минеаполис

Кито тврди дека агенти на ИЦЕ се обиделе да влезат во Конзулатот на Еквадор во Минеаполис

Кито, 28 јануари 2026 (МИА) – Еквадорското Министерството за надворешни работи на Еквадор тврди дека агенти на американската Служба за имиграција и царина (ИЦЕ) вчера се обиделе да влезат во Конзулатот на Еквадор во Минеаполис, но оти биле спречени од персоналот.

Поради тоа еквадорското МНР испрати протестна нота до Амбасадата на САД во Кито, барајќи да не се повторуваат такви инциденти.

Според меѓународното право, амбасадите, конзуларните канцеларии и другите дипломатски објекти на една земја се сметаат за суверена територија на таа нација, заштитени со дипломатски имунитет од неовластен влез од агенти на други влади. ми/сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан