• сабота, 22 февруари 2025

Кина го именува контроверзниот дипломат Лу Шеј за посебен пратеник за Европа

Кина го именува контроверзниот дипломат Лу Шеј за посебен пратеник за Европа

Пекинг, 6 февруари 2025 (МИА) - Кина го назначи контроверзниот дипломат и поранешен амбасадор во Франција, 60-годишниот Лу Шеј, за свој посебен претставник за европски прашања, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.

Лу стекна репутација поради честите борбени изјави за време на неговиот петгодишен мандат како пратеник на Пекинг во Париз, кој заврши во декември. Лу во 2023 година рече дека поранешните советски држави „немаат ефективен статус во меѓународното право“, што налути многу членки на Европската унија.

Лу ќе промовира дијалог и соработка со Европа и „ќе придонесе за стабилен и здрав развој на односите меѓу Кина и ЕУ“, рече портпаролот на Министерството, Гуо Џиакун на прес-конференција.

Неговото назначување доаѓа во време кога кинеско-европските односи се на пресвртница, откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела воведе царини од 10 отсто за Кина и се закани со царини за Европа како дел од неговата изолационистичка програма. Трамп, исто така, постојано сугерираше дека сака да го купи Гренланд, територија на Данска. рп/

Фото: Икс

Остани поврзан