Киев е отворен за разговори со Сеул за заробените севернокорејски војници
- Киев е отворен за преговори со Јужна Кореја за евентуален трансфер на заробените севернокорејски војници, изјави украинскиот амбасадор во Сеул Дмитро Пономаренко во интервју за Кореа Тајмс.

Киев, 6 февруари 2025 (МИА) – Киев е отворен за преговори со Јужна Кореја за евентуален трансфер на заробените севернокорејски војници, изјави украинскиот амбасадор во Сеул Дмитро Пономаренко во интервју за Кореа Тајмс.
- Со оглед на заканата по животот и слободата на севернокорејските војници во случај на нивна репатријација во Демократска Народна Република Кореја (ДНРК) и доколку одбијат да се вратат, ние сме отворени за дијалог со меѓународните партнери, изјави амбасадорот за јужнокорејскиот весник, пренесе Киев Индипендент.
Доколку заробените војници решат да се вратат дома, Украина ќе мора да ги врати во татковината според Женевските конвенции. јт/
Фото: МИА архива