• сабота, 21 февруари 2026

Киву за победата на Интер над Борусија: Овој резултат може да му даде вистинска самодоверба на тимот

Киву за победата на Интер над Борусија: Овој резултат може да му даде вистинска самодоверба на тимот

Дортмунд, 29 јануари 2026 (МИА) – Тренерот на Интер, Кристијан Киву, смета дека победата во 8.коло од Лигата на шампионите над Борусија Дортмунд е целосно заслужена.

Натпреварот се одигра синоќа на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд и заврши со 2:0 во корист на италијанскиот тим.

- Го добивме она што го заслужувавме. Нема смисла да се осврнуваме назад и да размислуваме за она што не сме го направиле, туку да се фокусираме на она што сме го направиле. Игравме зрело. Во првото полувреме можевме да покажеме поголема решителност во нападот бевме малку површни, изјави Киву.

Тој го пофали напредокот на Интер и ја нагласи важноста на тимскиот дух.

-Тимот работи напорно, моите фудбалери постигнаа огромен напредок во последните два месеца. Овој резултат може да му даде вистинска самодоверба на тимот. Мораме да им оддадеме признание на момците. Сите кои добиваат шанса да бидат на теренот, прават сè за да бидат ѕвезди, бидејќи знаат дека секој од нив има можност да блесне и да придонесе за успехот на тимот, додаде Киву.

Со оваа победа, Интер освои 15 бода и заврши на десеттото место на табелата, обезбедувајќи место во плејофот за Лигата на шампионите. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан