Келог: Мировниот план за Украина може да биде завршен за неколку дена или недели
- „Морате да ни дадете малку простор и време, но кога го велам тоа, не зборувам за шест месеци, туку за денови и недели“, рече тој во Минхен

Минхен, 15 февруари 2025 (МИА) - Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, Кит Келог денеска изјави дека мировниот план за Украина може да биде завршен за неколку дена или недели.
„Морате да ни дадете малку простор и време, но кога го велам тоа, не зборувам за шест месеци, туку за денови и недели“, рече тој во Минхен.
Келог рече дека во моментов постои „двоен“ пристап кон мировните преговори, со претставници на САД во контакт со Русија и одделно со Украина и сојузничките нации. зш/
фото ЕПА