• сабота, 22 февруари 2025

Каја Калас по назначувањето на Соренсен: Стабилноста е приоритет на Западен Балкан

Каја Калас по назначувањето на Соренсен: Стабилноста е приоритет на Западен Балкан

Брисел, 27 јануари 2025 (МИА) -  Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денеска во Брисел изјави дека стабилноста е приоритет на ЕУ на Западен Балкан и укажа на одлуката на Советот на ЕУ да го назначи Питер Соренсен за специјален пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина.

 „Во Западен Балкан ние продолжуваме да и даваме приоритет на стабилноста. И драго ми е што можам да објавам дека денеска Советот го назначи Питер Соренсен за специјален пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина“, рече Калас на прес-конференција во Брисел, на која зборуваше за низа прашања кои беа на дневен ред. на денешниот состанок на Советот на ЕУ за надворешни работи.

Таа посочи дека на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ се разговарало за многу итни безбедносни прашања, почнувајќи од безбедноста на Украина и посочи дека на Украина и е потребна дополнителна поддршка.

Таа додаде дека денес ЕУ одлучила да обезбеди 30 милиони евра за помош на Молдавија за купување и транспорт на гас.
Калас рече дека разговарале и за зајакнување на безбедноста на самата Европа, тврдејќи дека хибридните акции на Русија се зголемуваат по фреквенција и интензитет. 

Калас посочи дека се разговарало и за односите ЕУ-САД и рече дека Европа и Северна Америка заедно се посилни и побезбедни. Таа нагласи и дека денеска е постигнат политички договор за почеток на олеснување на санкциите кон Сирија, но предупреди дека ЕУ е подготвена да го промени курсот доколку ситуацијата во таа земја се влоши.

За Израел и Палестина, таа рече дека ЕУ го поддржува спроведувањето на прекинот на огнот, вклучително и прераспоредувањето на цивилната мисија на ЕУ во Рафа за следење на граничните контроли.
„Повторното отворање на преминот ќе овозможи префрлање на повредените од Газа на лекување“, рече Калас. зш/
фото ЕПА

 

Остани поврзан