• сабота, 16 мај 2026

Катерина Николовска од Прилеп ја освои титулата „Гран при Вешта жена“ за 2026 на Републичката манифестација во Тетово

Катерина Николовска од Прилеп ја освои титулата „Гран при Вешта жена“ за 2026 на Републичката манифестација во Тетово

Тетово, 11 мај 2026 (МИА) - Во Тетово се одржа Републичката манифестација „Вешта жена 2026“ на која се натпреваруваа победничките од 11 општински натпревари во подготвување, декорирање и сервирање на главно јадење, погача и десерт.

Титулата „Гран при Вешта жена 2026“ според број на бодови од жири и беше доделена на Катерина Николовска од Прилеп. Второто место и припадна на Даниела Димитриевска од Тетово, а трето место освои Мима Ѓорѓиева од Македонска Каменица. Според бројот на бодови од публиката „Гран при Вешта жена 2026“ прво место освои Даниела Димитриевска од Тетово.

Титулата „Вешта жена 2026“ според бројот на бодови жирито и ја додели на Марија Дамјановска од Скопје. На втората позиција се пласираше Зорица Јовановска од Тетово, додека трето место освои Билјана Костеска од Прилеп. За „Вешта жена 2026“ според број на бодови доделени од публика е прогласена Марија Дамјановска од Скопје. 

-Ова се победничките од општинските натпревари. И кога би рекле избираме Вешта жена на Македонија, јас би ги избрала сите до една и „Гран при“ и „Вешта жена“. Што се однесува за квалитетот, изработките ми се чини дека оваа година беа како и секоја, меѓутоа ми се чини оваа година беше нешто посебно со нивните изработки на експонати на лице место. Сето тоа што требаше да се направи, го направија а ние уживавме во спомените што тие ги оставаат кај нас, истакна Снежана Стојановска, претседателка на Вешта жена.

„Вешта жена 2026“ беше поовеќе од натпревар, ги обедини вештините и љубовта на жените од цела Македонија, рече таа. 

-Квалитетот на натпреварите го дава резултатот на квалитетот на споделената љубов меѓу жените: Сите овие различности не прават да бидеме еднакви и по возраст и по образование, и по политички убедувања. Само на тој начин можеме да се издигнеме над сите човечки вредности, потенцираше Стојановска. 

Сите победнички во осум дисциплини, како и за титулите „Гран при Вешта жена 2026“ и „Вешта жена 2026“ добија пехари, дипломи и награди. Сите победнички на општински натпревари и учеснички на Републичката манифестација Вешта жена на 22 јуни ќе имаат заедничко патување.ас/вј/

Фото: МИА 

 

Остани поврзан