Кандидатот на германската опозиција за канцелар Мерц ќе се сретне со Џеј Ди Венс во Минхен
- Лидерот на германската опозиција и фаворит за иден канцелар на Германија, Фридрих Мерц се очекува да се сретне со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс.

Берлин, 12 февруари 2025 (МИА) - Лидерот на германската опозиција и фаворит за иден канцелар на Германија, Фридрих Мерц се очекува да се сретне со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс.
Американското издание „Политико“ прво соопшти за планираната средба меѓу Мерц и Венс.
Освен со американскиот потпретседател, лидерот на германската Христијанско-демократска унија ќе има билатерални разговори и со други високи странски претставници, меѓу кои и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и шефицата на европската дипломатија Каја Калас.
Конзервативниот блок на Мерц води во анкетите со двојна разлика пред Социјалдемократската партија на Германија на канцеларот Олаф Шолц, нешто повеќе од една недела пред парламентарните избори во Германија на 23 февруари.
Мерц ја потврди својата посветеност за поддршка на Украина - позиција која Германија ја одржува од руската инвазија пред речиси три години.
Светските политички и воени лидери ќе се соберат во Минхен од петок до недела со надеж дека ќе ја разјаснат стратегијата на Владата на американскиот претседател Доналд Трамп кон војната во Украина. рп/
Фото: МИА архива