• сабота, 14 март 2026

Кампања на ГШ на грчката копнена војска за доброволно служење воен рок за жените

Кампања на ГШ на грчката копнена војска за доброволно служење воен рок за жените

Атина, 13 март 2026 (МИА) – Одговорноста кон татковината се однесува и на мене, порачува меѓу другото, протагонистката во видеото на Генералштабот на копнената војска на Грција, објавено на социјалните мрежи за доброволното служење воен рок на жените, јави дописничката на МИА од Атина.

Видеото е „покана за доброволно служење војска“ и се однесува на жените на возраст меѓу 20 и 26 години кои можат да се пријават до крајот на месецов и 12 месеци да служат во силите на копнената војска.

- Се сеќавам кога брат ми тоа утро ја помина портата на касарната и помислив дека сакам и јас да дадам придонес. Тогаш почнав појасно да гледам дека одговорноста кон татковината се однесува и на мене. Не како нешто далечно, туку како нешто од кое сакам да бидам дел. Учеството е личен избор, вели девојката во видеото.

Доброволното служење воен рок за жените го најави министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас пред неколку месеци, а почетокот ќе биде со создавање единица од 100 до 150 жени. ср/јт/

Фото/ Видео: Генералштаб на грчката копнена војска

Остани поврзан