Калас: Москва го користи велигденското примирје за добивање време
- Таа нагласи дека САД имаат средства да извршат вистински притисок врз Русија во преговорите. - Зошто не ги користат сите можности за навистина да ја завршат оваа војна?, праша Калас.

Брисел, 22 април 2025 (МИА) - Москва со објавеното велигденско примирје се обиде само да добие време, без вистински прекин на огнот, оцени шефицата на европската дипломатија Каиа Калас во интервју за Франс Прес, пренесува БТА.
- Тие не го почитуваа примирјето. Јасно е дека Русија игра игри, сака да добие време и не сака вистински мир, рече Калас.
Таа нагласи дека САД имаат средства да извршат вистински притисок врз Русија во преговорите.
- Зошто не ги користат сите можности за навистина да ја завршат оваа војна?, праша Калас. ссм/
фото: архива