Калабрија се расплака и ја потврди разделбата со Милан
- Поранешниот капитен Давиде Калабрија потврди дека го напушта Милан. Ова беше очекувано со оглед на неговата расправија со тренерот Серхио Консеисао директно на теренот по натпреварот против Парма во последното коло од Серија „А“. Речиси сигурно ќе се пресели во Болоња.

Милано, 1 февруари 2025 (МИА) - Поранешниот капитен Давиде Калабрија потврди дека го напушта Милан. Ова беше очекувано со оглед на неговата расправија со тренерот Серхио Консеисао директно на теренот по натпреварот против Парма во последното коло од Серија „А“. Речиси сигурно ќе се пресели во Болоња.
-Тешко ми е. Ќе ми недостига се што доживеав овде, им порача денеска на фановите вознемирениот Калабрија.
Одделно, дефанзивецот сподели фотографија на Инстаграм од клупската база на „росонерите“, каде помина 18 години од својот живот.
Калабрија (28) е дете на Милан, а своето деби во Серија „А“ го имаше пред 10 години. дс
Фото: Принтскрин