Казахстански власти: Соборениот азербејџански авион најверојатно е оштетен од надвор
- Авионот на Азербејџан ерлајнс што се урна во Казахстан на крајот на декември, при што загинаа 38 лица и за што беше обвинета Русија, најверојатно е оштетен од „надворешни објекти“, соопштија денеска официјални претставници на казахстанските власти не го наведоа нивното потекло.

Алмати, 4 февруари 2025 (МИА) – Авионот на Азербејџан ерлајнс што се урна во Казахстан на крајот на декември, при што загинаа 38 лица и за што беше обвинета Русија, најверојатно е оштетен од „надворешни објекти“, соопштија денеска официјални претставници на казахстанските власти не го наведоа нивното потекло.
Авионот на 25 декември леташе од Баку, главниот град на Азербејџан, за Грозни, главниот град на Чеченија на Кавказ. Авионот се урна во близина на Актау во Казахстан, далеку од првобитната дестинација.
Во несреќата загинаа 38 од вкупно 67 лица во авионот.
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, кој е близок до Москва, ја обвини Русија за „прикривање“ и рече дека авионот по грешка бил соборен од руската противвоздушна одбрана.
Црните кутии на авионот, изработени од бразилскиот производител на авиони „Ембраер“, прво му беа предадени на Бразил на анализа со учество на азербејџански, руски и казахстански експерти, а потоа вратени во Казахстан.
Во прелиминарниот извештај објавен денеска од страна на Министерството за транспорт на Казахстан, централноазиска земја исто така блиска до Русија, не се наведува точната причина за несреќата.
Во долгоочекуваниот документ се наведени бројни оштетувања од различни големини и форми на неколку делови од авионот, вклучувајќи го трупот, левото крило и моторот.
Авионот најверојатно бил оштетен од „надворешни предмети“ од неодредена природа, се вели во извештајот. јт/
Фото: ЕПА