Кабинет на Нетанјаху: Трамп го покани Нетанјаху во Белата куќа на 4 февруари
- „Премиерот Нетанјаху е првиот странски лидер кој е поканет во Белата куќа за време на вториот мандат на претседателот Трамп“, се нагласува во соопштението.

Тел Авив, 28 јануари 2025 (МИА) - Премиерот Бенјамин Нетанјаху е поканет од американскиот претседател Доналд Трамп на средба во Белата куќа на 4 февруари, соопшти попладнево кабинетот на израелскиот премиер.
„Премиерот Нетанјаху е првиот странски лидер кој е поканет во Белата куќа за време на вториот мандат на претседателот Трамп“, се нагласува во соопштението. зш/