• сабота, 21 февруари 2026

Италија бара ЕУ да ја прогласи Револуционерната гарда на Иран за терористичка група

Италија бара ЕУ да ја прогласи Револуционерната гарда на Иран за терористичка група

Рим, 26 јануари 2026 (МИА) – Министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, денеска соопшти дека од ЕУ ќе побара Револуционерната гарда на Иран да ја прогласи за терористичка организација.

- На состанокот на европските министри за надворешни работи в четврток, ќе предложам во координација со другите партнери Револуционерната гарда да биде ставена на листата на терористички организации, напиша Тајани на Х.

Тој додаде дека ќе побара и воведување санкции за поединци одговорни за репресијата врз иранските демонстранти.

- Загубите што ги претрпе цивилното население за време на протестите бараат јасен одговор, наведе Тајани. јт/

Остани поврзан