Историско полуфинале за Португалија на ракометниот Мундијал 2025
- Репрезентацијата на Португалија вечерва во Осло ја победија Германија со 31:30 и се пласираа во полуфиналето на 29. Светско ракометно првенство.

Осло, 29 јануари 2025 (МИА) – Репрезентацијата на Португалија вечерва во Осло ја победија Германија со 31:30 и се пласираа во полуфиналето на 29. Светско ракометно првенство.
Натпреварот беше решен по дополнителни десет минути, откако основните 60 завршија нерешено 26:26.
За Португалците пласманот помеѓу четирите најдобри е прв на едно големо натпреварување. Досега, ниту еднаш во историјата Португалија не учествувале во полуфинале на Светско или Европско првенство.
Противник на Португалија во полуфиналната фаза, в петок во Осло ќе биде селекцијата на Данска.
Во првото полуфинале, утревечер (21 часот) во Загреб се среќаваат Франција и Хрватска. зс/
Фото: ЕПА