Исламски џихад: Судбината на заложниците е поврзана со акциите на Бенјамин Нетанјаху
- Вооруженото крило на палестинската милитантна група Исламски џихад, која држи израелски заложници од 7 октомври 2023 година, денеска објави дека судбината на тие заложници е поврзана со акциите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Газа, 12 февруари 2025 (МИА) - Вооруженото крило на палестинската милитантна група Исламски џихад, која држи израелски заложници од 7 октомври 2023 година, денеска објави дека судбината на тие заложници е поврзана со акциите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Единствениот начин да се вратат заложниците и да се врати стабилноста е договор за размена“, напиша портпаролот на групата на каналот Телеграм.
Хамас оваа недела објави дека го одложува ослободувањето на повеќе израелски заложници во Газа, обвинувајќи го Израел за прекршување на условите од договорот за прекин на огнот, додека американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди Палестинците дека ќе се „создаде пекол“ ако израелските заложници не бидат ослободени в сабота.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со „интензивните борби“ доколку Хамас не го испочитува крајниот рок.
Првата фаза од прекинот на огнот, од трите планирани, вклучува прекин на непријателствата, ослободување на некои затвореници, повлекување на израелските сили од Газа и враќање на Палестинците во северниот дел на Газа, заедно со приливот на хуманитарна помош.
Втората фаза предвидува прекин на огнот за 42 дена.
Хамас треба да ги ослободи сите преостанати затвореници што ги држи од нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година, додека Израел треба да ослободи и претходно договорен број палестински затвореници и притвореници.
Во третата фаза Хамас ќе ги врати телата на загинатите заложници од Газа во Израел, Израел ќе ослободи уште затвореници, а треба да започне и петгодишен план за реконструкција.
Според планот, Хамас се согласи дека нема повторно да го обновува својот воен арсенал. рп/
Фото: МИА архива