• сабота, 06 декември 2025

Иранскиот министер за надворешни работи тврди дека Техеран повеќе не збогатува ураниум

Иранскиот министер за надворешни работи тврди дека Техеран повеќе не збогатува ураниум

Техеран, 16 ноември 2025 (МИА) - Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денеска изјави дека Техеран повеќе не збогатува ураниум во ниту еден од нуклеарните објекти во државата.

„Во Иран нема непријавено нуклеарно збогатување. Сите наши објекти се под заштитни мерки и под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ)“, рече Арагчи и додаде дека во моментов нема збогатување на ураниум бидејќи објектите за тоа се „нападнати“.

Тоа е најдиректниот одговор од иранската влада во врска со нуклеарната програма досега, откако Израел и САД бомбардираа објекти низ целата земја во јуни оваа година. зш/

Остани поврзан