• сабота, 22 февруари 2025

Иран: Политиката на максимален притисок на Трамп ќе се покаже како неуспешна

Иран: Политиката на максимален притисок на Трамп ќе се покаже како неуспешна

Техеран, 5 февруари 2025 (МИА) - Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи денеска изјави дека политиката на „максимален притисок“ врз Техеран, објавена од американскиот претседател Доналд Трамп, ќе се покаже како „уште еден неуспех“.

-Верувам дека максималниот притисок е неуспешен експеримент и дека обидот повторно ќе доведе до нов неуспех... Загриженоста на САД за наводниот развој на нуклеарно оружје од Иран не е сложено прашање и може да се реши со оглед на противењето на Техеран на оружјето за масовно уништување, рече Арагчи.

Трамп ја започна иницијативата за „максимален притисок“ за време на неговиот прв мандат, откако ги повлече САД од нуклеарниот договор меѓу Техеран и светските сили, кој ги укина меѓународните санкции во замена за ограничување на иранската нуклеарна програма.

Оттогаш, Техеран значително го зголеми збогатувањето ураниум до 60 отсто чистота, приближувајќи се до чистотата од околу 90 проценти потребни за производство на нуклеарно оружје, изјави Меѓународната агенција за атомска енергија во декември. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан