Иран избран за претседавач со Азиско-пацифичката група на Советот за човекови права на ОН
- Иран е избран за претседавач со Азиско-пацифичката група на Советот за човекови права на ОН. Азиско-пацифичката група е најголема во Советот за човекови права

Техеран, 22 јануари 2025 (МИА) – Иран е избран за претседавач со Азиско-пацифичката група на Советот за човекови права на ОН. Азиско-пацифичката група е најголема во Советот за човекови права.
Одговорностите на Иран ќе вклучуваат координација и насочување на активностите на групата за време на состаноците на Советот за човекови права. Исламската Република ќе се занимава и со прашања поврзани со Канцеларијата на високиот комесар за човекови права.
Амбасадорот на Иран и постојан претставник во Канцеларијата на Обединетите нации и меѓународните организации во Женева, Али Бахреини ќе биде задолжен за претседателствувањето на Иран
Претседателството на Иран со групата почнува оваа недела и ќе трае до крајот на годинава.
За овие задачи ќе биде одговорен Али Бахреини, иранскиот амбасадор и постојан претставник во Канцеларијата на Обединетите нации и меѓународните организации во Женева. ми/
фопто: МИА архива