За грицкање без грижа на совест..
Состојки:
- 100 грама интегрално брашно
- 50 грама овесни снегулки
- 30 грама мешано: сончоглед, лен, сусам
- 50 мл масло
- една жолчка
- 1/2 лажичка сол
- една лажичка прашок за пециво
- 3-4 лажици јогурт
Подготовка:
Измелете ги овесните снегулки во блендер (не до крај, само додека не се ронат). Во сад измешајте ги овесните снегулки и мешавината од семки , додадете брашно, прашок за пециво, сол и мешајте неколку пати. Додадете масло и жолчка и мешајте додека не се соедини,. а на крај додадете јогурт. Истурете ја смесата на работната површина и месете го тестото. Ако тестото е многу лепливо, додадете само малку брашно, а ако не се соединува, додадете малку јогурт. Ставете го тестото во фрижидер 10-15 минути. Развлечете го тестото до дебелината што ја сакате, малку ќе нарасне додека се пече. Исечете форми по желба и печете на 180-190 степени околу 10-12 минути. Наросете со мешавината од семки.
Фото: Фрипик