• сабота, 22 февруари 2025

Иницијаторите на предлог-законот за пристапување на Ерменија во ЕУ тврдат дека блокот е подготвен да ја прифати земјата

Иницијаторите на предлог-законот за пристапување на Ерменија во ЕУ тврдат дека блокот е подготвен да ја прифати земјата

Eреван, 11 февруари 2025 (МИА) - Според иницијаторите на предлог-законот за пристапување на Ерменија во ЕУ, блокот е подготвен да ја прифати земјата, јави ерменска новинска агенција.

Артак Зејналијан, поранешен министер за правда, кој е еден од иницијаторите на предлог-законот за интеграција во ЕУ, им рече на ерменските пратеници дека ЕУ постојано го изразува својот недвосмислен став во однос на Ерменија не само преку зборови, туку и преку конкретни правни документи.

Тој го наведе Договорот за сеопфатно партнерство меѓу Ерменија и ЕУ. „Договорот е составен дел од правниот систем на Ерменија, еден од правните акти за нас што се очекуваат во ЕУ. Добредојдени сме во ЕУ“, рече Зејналијан, нагласувајќи дека Ерменија е многу вредна за блокот. „И на ЕУ и треба Ерменија, како и на другите сојузи.

Ерменскиот парламент расправа за предлог-законот за пристапување во ЕУ. Истиот беше инициран од неколку граѓански организации преку петиција која собра доволно гласови за да биде разгледана како предлог-закон.

Во него ерменските власти се повикуваат да започнат процес за интеграција во ЕУ. Предлог-законот претходно беше одобрен од кабинетот и парламентарната комисија. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан