• сабота, 22 февруари 2025

Иницирани комисии за стручен надзор за смртта на близначињата и деветгодишното дете

Иницирани комисии за стручен надзор за смртта на близначињата и деветгодишното дете

Скопје, 20 јануари 2025 (МИА) - Иницирани се комисии за стручен надзор за смртта на близначињата и деветгодишното дете во државава, потврдија попладнево од Министерството за здравство за МИА. 

Државниот санитарен и здравствен инспекторат веќе изврши вонреден инспекциски надзор за смртта на детето од Светиниколско, а денеска се врши за случајот со починатите близначиња во прилепската болница.

Вонреден инспекциски надзор за лекувањето на детето беше извршен на три места - почнувајќи од матичниот лекар, Клиничката болница - Штип и на Клиниката за детски болести во Скопје. Од извршените вонредни инспекциски надзори во овие здравствени установи, Државниот санитарен и здравствен инспекторат не констатирал недостатоци.

Стручни комисии треба да утврдат дали имало лекарска грешка при лекувањето на трите деца. бд/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан