• петок, 21 февруари 2025

Инзаги по поразот од Фиорентина: Заслужено загубивме, одговорноста е моја

Инзаги по поразот од Фиорентина: Заслужено загубивме, одговорноста е моја

Фиренца, 7 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Интер, Симоне Инзаги беше разочаран по поразот од Фиорентина со 0:3. Тренерот призна дека неговиот тим бил тотално надигран.

-Не го започнавме добро натпреварот и практично отсуствувавме од него цело време. Заслужено загубивме. Доцна реагиравме на нападите на Фиорентина, иако имаше предупредувачки знаци и пред паузата. Одговорноста е моја. Ќе анализираме што се случи, но сигурно нема да правиме драми. Не барам изговори, вистината е дека не бевме на нашето вообичаено ниво, изјави тренерот на Интер.

Во однос на кадарот, изјави дека е среќен со играчите кои ги има. 

-Некои од играчите се опоравија од повредите. Мехди Тареми се уште има проблем по мечот со Лече. Хоакин Кореа се уште е надвор од теренот. Мораме соодветно да одговориме по овој пораз. Ништо не е загубено, додаде Инзаги. дс

Фото: Архива

Остани поврзан