• сабота, 22 февруари 2025

ИИХФ го одби барањето на Русија да и дозволи учество на СП 2026

ИИХФ го одби барањето на Русија да и дозволи учество на СП 2026

Цирих, 4 февруари 2025 (МИА) – Светската федерација за хокеј на мраз (IIHF) одлучи да ја продолжи суспензијата на руската репрезентација од меѓународните турнири во сите категории до следната сезона.

Во исто време, сè уште нема одлука за Олимпијадата во 2026 година, се планира таа да ја донесе Меѓународниот олимписки комитет (IOK).

Во февруари 2022 година, IIHF ги суспендира тимовите од Русија и Белорусија од учество на меѓународни турнири.

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи од 15 до 31 мај во Швајцарија во градовите Цирих и Фрибург. 

Зимските олимписки игри ќе се одржат од 6 до 22 февруари 2026 година во Милано и Кортина д'Ампецо (Италија). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан