Израелско МО: Американска пратка тешко оружје пристигна во Израел во текот на ноќта
- Се работи за пратка тешки бомби МК-84 неодамна одобрени од администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Ерусалим, 16 февруари 2025 (МИА) - Пратка американско тешко оружје пристигна во Израел во текот на ноќта, соопшти денеска израелското Министерство за одбрана, додека американскиот државен секретар Марко Рубио е во Ерусалим на разговори со израелските лидери.
„Пратка тешки бомби неодамна обезбедени од американската влада беше примена и истоварена во Израел во текот на ноќта“, се вели во соопштението на Министерството. Се работи за пратка тешки бомби МК-84 неодамна одобрени од администрацијата на претседателот Доналд Трамп.
Лани администрацијата на Бајден ја запре испораката на тие бомби од 900 килограми поради загриженоста за цивилни жртви во Газа, јавија американските медиуми. зш/
фото Википедија